Екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева оди во куќен притвор откако Апелација ја прифати нејзината жалба на мерката притвор изречена од кривичниот суд.
Јанева порбара и од Кривичниот суд да и го укине притворот и да го замени со домашен за што понуди гаранција во недвижен имот – три стана, но жалбата беше одбиена.
Јанева е во притвор од 21 август кога беше уапсена поради инволвираност во случајот „Рекет“. Во текот на истрагата таа не даде исказ.
Судскиот процес за случајот „Рекет“ влегува во судница на 3 декември а на обвинителната клупа покрај Јанева ќе седнат Бојан Јовановски – „Боки 13“ и Зоран Милевски.