Караванот на „Заедно напред“ денеска на средби со граѓаните на Македонска Каменица и Зрновци и трибини во Виница и Кочани

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ денеса ќе биде на средби со граѓаните на Македонска Каменица, Зрновци, Виница и Кочани.

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 13.00 часот ќе учествува на настан со млади во Кочани „Заедно напред, заедно до целта!“, (кај споменикот на слободата), каде пред почетокот на овој настан Пендаровски ќе даде изјава за медиуми.

Потоа во 15.30 часот, Пендаровски ќе биде на средби со граѓаните на Македонска Каменица, а во 17.00 часот ќе биде со граѓаните на Зрновци, каде во 17.10 ќе има обраќање пред граѓаните кај плоштадот во Зрновци.

Во 18.00 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Виница, каде ќе учествува на грѓански трибина на плоштадот во Виница.

Подоцна, со почеток во 20.15 часот, во спортската сала во Кочани, ќе се одржи централниот настан отворена граѓанска трибина, каде свое обраќање ќе има заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e