Kараван на коалицијата “Заедно напред!“ утре на средби со граѓаните на Могила Новаци и граѓански трибини во Демир Хисар, Ресен и Битола

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните на Могила, Новаци, Демир Хисар, Ресен и Битола.

Во текот на утрешниот ден (06.04.2019, четврток), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Могила во 15.00 часот, а во 16.00 часот, ќе се сретне со граѓаните од општина Новаци.

По средбите со граѓаните на Могила и Новаци, во 17.10 часот на градскиот плоштад Стево Пендаровски ќе учествува на граѓанска трибина во Демир Хисар, а потоа во 19.10 часот, на градскиот плоштад во Ресен, ќе се одржи отворена трибина со граѓаните.

Подоцна, со почеток во 20.35 часот, на Плоштад „Магнолија“ во Битола, ќе се одржи централниот настан, граѓански митинг со граѓаните на Битола на која ќе се обратат Стево Пендаровски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

(пренос во живо ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e