Камиловски: Ќе формираме десничарска партија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ повеќе не е десница

Авторот на мостот „Слобода“ од Скопје 2014, Марјан Камиловски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија најави дека ќе формира нова политичка партија, која ќе биде десно ориентирана.

„Ќе тргнеме со тврди промакедонски ставови уште во почетокот. Другите сметаат дека македонија е на сите, ние велиме, Македонија пред се е на Македонците. Собираме документи и ќе го отвориме прво како здружение, па ќе собираме потписи и ќе излеземе во јавноста“, рече Камиловски, кој нагласи дека партијата се формира бидејќи нема десно ориентирана партија, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ повеќе не е десница, туку центар партија.

Лидерот на Достоинство, коалиционен партнер на владејачката СДСМ, Стојанче Ангелов пак, му реплицираше дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во десниот центар, како и дека го кажале од самата партија и му посака среќа на Камиловски, бидејќи како што нагласи, во државата недостасува десно ориентирана партија.  За изборите, тој рече дека СДСМ е во блага предност пред опозциската партија.

„Мислам дека сме на исто, со мала предност на СДСМ, но верувам дека СДСМ ќе ја формира владата и ќе ја турнеме државата напред“, истакна Ангелов.

Камиловски реплицираше дека Европа ја лаже власта и оти иако се испорачува, државата нема да добие датум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e