Камчев и Панделевски нема да добијат нови времени пасоши, одлучи Кривичен

Скопскиот Кривичен суд го одби барањето за издавање на пасоши со ограничен рок на важење за Јордан Камчев и Цветан Панделевски, обвинети во случајот „Империја“.

„Заради интерес на медиумите околу барањето за издавање пасош со ограничен рок на важење за Ј.К. и Ц.П. опфатени во предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека и Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање“, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Судот, како што соопштуваат од таму ги известил странките за недавањето нови пасоши со ограничен рок. Претходно, со дозвола од поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“, на двајцата им беше даден пасош со ограничен рок на важење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e