Калеска –Ванчева: Доколку некој направил криминал – ќе одговара, но, за тоа не може да биде институцијата виновна

Oдговори на новинарски прашања, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ:

П1: Како сега оваа ситуација ќе се одрази на преговорите, на Законот за јавно обвинителство, за евентуални предвремени избори?

Веќе имам кажано и во Собрание дека Законот за јавното обвинителство веќе е влезен во собраниска процедура. Сосема е легитимно да очекуваме доколку сите ние 120 пратеници имаме доволно свест и чувство за она што значи градење на правна држава, да очекуваме низ собраниските процедури, онака како што налага Деловникот, да го донесеме законот.

П2: Дали функционираат работните групи, за Законот за јавното обвинителство, за изборниот законик и така натака, и кога била последната средба?

Значи тие се во постојано функционирање, нормално средбите се закажуваат во согласност со сите засегнати, односно со сите што учествуваат во групите, јас навистина се надевам дека сето тоа ќе даде резултат. Но она што е најважно, значи во контекст како политички резултат и ако прашувате во делот на изборите, најважно е резултатот да биде стигнат онаму каде што му е место, а тоа е Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи тоа е местото каде што се носат законите и каде што сите ние, независно од која политичка партија припаѓаме треба да го дадеме својот придонес во подобровувањето на текстот на законот.

П3: Значи вие ја обвинувате опозицијата и Христијан Мицкоски, што е поважно за СДСМ, содржината на видеата, или кој тие ги правел и ги предал на новинарите, што е за вас побитно?

За нас е најважно институциите во државата да го расветлат секој случај којшто фрла барем малку сомнеж на било кого, политичар, јавна личност, бизнисмен и кој и да е, каде се фрла сомнеж и се има причина да се сомневаме во одредени недозволени дејствија, тоа мора да биде предмет на истрага. Значи за нас, снимките можат да бидат само индиција од каде што мора да се тргне, надлежна институција се знае која е, тоа е Јавното обвинителство, мора што побрзо и што посеопфатно да се испитаат сите аспекти, доколку навистина има криминал од било кое лице да ги сноси последиците за она што го сторил.

П4: Доаѓате пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, зборувате за Груевски, кој што три години не е на власт, една година не е во државата, за Мицкоски, за опозицијата. На снимките се слуша гласот на Катица Јанева, како му вели на еден од обвинетите во “Империја”, не се секирај се ќе биде ок. Вие бевте тие кои што излегувавте на улица да дадете поддршка на Катица, велевте дека Катица ќе гради држава и слично. Наместо да се оградите од Катица, со кој образ доаѓате пред ВМРО-ДПМНЕ, а не го држите овој прес пред СЈО и не барате одговорност од нив?

Ние одговорноста ја бараме од секого. Дали се работи за Катица Јанева или за некој друг, доколку се огрешиле, тоа е работа на Законот, работа на Јавниот Обвинител да го испита целосно случајот. Затоа го забележав, и во овој прес, единствено место и единствен начин за тоа се рашири и да се дознае целата вистина е постапката што треба Јавното Обвинителство да ја води. Не е местото, преку статуси и преку обраќања, дали од Будимпешта, дали од Италија, дали од белиот дворец. Целото тежиште мора да биде на едно единствено место, а тоа е Јавното обвинителство.

П5: Вие сте правник, ги слушнавте снимките, дали има нешто сомнително според вас? Дали нормално, обвинител да има писмено обраќање, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека нормална работа е да преговара со осомничените, па дури и да преговара за степенот на соработката Дали ви изгледа ова нормално?

Јас не сакам да коментирам кој што изјавил, јас можам само да кажам дека секој обвинител во својата работа разговара со обвинети осомничени. И тоа е сосема легитимно, тоа е дел од Законот за кривична постапка. Како впрочем, тој ќе ја води истрагата ако не разговара. Но, во кој контекст, каде и дали се надминати тие овластувања, тоа треба некој друг да даде одговор и се надеваме дека ќе го даде одговорот. Затоа што, доколку Катица Јанева, како специјална јавна обвинителка, ги злоупотребила своите овластувања, секако немаме намера да тоа го ставаме под тепих и да кажуваме дека тоа е нормално. Сигурно не може да биде нормално. Но, тоа треба да се докаже.

П6: Го ставате под тепих, затоа што доаѓате и зборувате за Будимпешта и ВМРО-ДПМНЕ. Одговорноста е кај Катица Јанева и кај вас, кои што се трудевте на улици да ја донесете да биде шефица на СЈО.

Ние треба да градиме институции. Значи СЈО е институција, дел од Јавното Обвинителство, а персоналните решенија, не можат да загрозат процес. Ако некој е пероснално решение, неадекватно за тоа место, ќе си замине. Доколку некој направил криминал, ќе одговара. Но, за тоа не може да биде институцијата виновна. И тоа треба да го расчистите. Во оваа држава, еднаш мора да сфатиме дека нема колективна одговорност, нема виновна институција, има виновни луѓе. А, Мицкоски не дозволи, сеуште, по три години да се огради од сето она што го направил Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e