Каква игра игра Христијан Мицкоски?

Соопштение на ГДУ:

-На 22 јуни лидерот на ДПМНЕ излезе и рече дека ако реферндумот биде незадолжителен , партијата нема да го признае како волја на народот.

На 6 јули истиот Мицкоски рече дека ќе го чека прашањето, па ќе одлучи дали ќе излезе ДПМНЕ на референдум.

Потоа бевме сведоци на политичкиот пазар во Клубот на пратеници,со условување на реферндумскиот процес за остварување на партиските интереси.

По пазарот и собранискиот циркуз, ДПМНЕ рече дека за нив е неприфатливо прашањето оти било повеќеслојно, па потоа да излезат и да кажат дека партијата нема да биде алиби за капитулантски договор.

Сега нецели два месеци подоцна, кога веќе се познати деталите, Мицкоски сè уште не знае што ќе прават, дали ќе излезат на референдум или ќе бојкотираат. Ќе чека до 10 септември, за да и го соопшти ставот на јавноста.

Непринципиелно и крајно несериозно однесување.

Јавноста со право се прашува – Какви калкулации се прават? Зошто се тактизира?

Проевропската и прозападна партија ВМРО- ДПМНЕ како што се декларира, треба да и одговори на јавноста дали постои друг пат за ЕУ и НАТО, и ако овој договор е капитулантски, кој е нивниот модел за подобар договор?

Време за губење нема. Политичарите, особено лидерите на најголемите парламентарни партии се должни да го кажат јасно и гласно партискиот став, одлуката сепак ја носат граѓаните, дали ќе застанат позади лидерот или ќе постапат според сопственото убедување. Затоа апелираме да запрат тактизирањата и манипулациите.

До граѓаните сакаме да испратиме порака дека референдумот и визијата за иднината на земјата не треба да се врзува со поддршка за една или за другата партија. Ова е можност за надпартиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e