Kaко Мицкоски ги нарече луѓето кои ќе бојкотираат?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител денеска оние кои се за бојкот на референдумот закажан за 30 септември ги нарече гласно малцинство.

Вели дека тоа се луѓето кои главно имаат повеќе изразен патриотски набој, луѓето кои се поекстензивно национално осознаени, кои имаат чиста мисла, а од одредена страна ја изгубиле довербата во институциите кои ги управува СДСМ и премиерот Зоран Заев.

„Тие велат како да му веруваме на Заев дека ќе спроведе кредибилен референдум. На овие луѓе некој од страна им залепи луѓе кои ќе ги контаминираат. Тоа би го опишал како буре со најчистата вода на светот, кога ќе им стават лажица фекалија. На оваа чиста идеја, на луѓе кои сакаа да го изразат својот револт на начин на кои се опредилиле, вие им лепите определена структура преку таканаречени партии кои ја контаминираат целата идеја. Тогаш вие се доведувате до ситуација дека ако вие бојкотирате ќе ви стават равенство на таа лажица“- изјави Мицкоски.

Тој вели дека секој ден има скандали и афери, а економијата тоне. Мицкоски вели дека нови иницијативи речиси  и да немаме, а нивото на капитални инвестиции е катастрофално ниско, некаде 30 до 40 проценти е пониско од истиот период лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e