Како градоначалник Јакимовски легализирал објекти на државата и ги продавал по пет евра квадрат!

Со кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, а по налог на ОЈО за гонење на организиран криминал, утрово се уапсени поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и двајца негови соработници, раководители на секторите за  експропријација и урбанизам.

Заедно со нив на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје 1 се донесени уште шестмина бизнисмени од градежниот бизнис.

Обвинителството за гонење организиран криминал ги потврди овие информации, но не сакаше да ги каже имињата на уапсените, освен што во јавноста се прошири веста дека меѓу деветмината е поранешниот градоначалник на општина Карпош.

Инаку, според кривичната пријава, сите деветмина се товаратѝдека ја злоупотребиле службената положба, а дека а поранешниот градоначалник Јакимовски и двајцата соработници, континуирано, во повеќе наврати, времени објекти на државно земјиште кои што не смееле да бидат легализирани, ги легализирале и потоа ги продавале по најмногу пет евра за квадрат.

ОЈО побара притвор за овие тројца осомничени, а за шестмината бизнисменикои се на распит во Кривичен се побарани мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи и редовно пријавување во судот.

Погледнете го видео прилогот на 1ТВ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e