Каевски: ВМРО – ДПМНЕ шири лажни вести, спортските ваучери не се укинати

– Во моменти кога се справуваме со кризата и сите треба да дадеме свој допринос, ВМРО ДПМНЕ преку нивната фабрика за лажни вести повторно прават паника помеѓу граѓаните и спортистите, објавувајќи дека спортскиот ваучер е укинат и со тоа се обидуваат да добијат ситни политички поени, вели директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

“Не е време за политиканство и ширење лажни вести , туку е време за храбри чекори и мерки кои што ќе го одржат спортот во оваа тешка ситуација.

Мерката спортски ваучер продолжува да важи и нема никакви промени. Во следните денови ќе биде донесена уредба која што ќе ги помогне спортските работници, а работиме и на дополнителни мерки кои ќе бидат во насока да го одржат спортот на високо ниво.

Ги повикувам ВМРО – ДПМНЕ да престанат со ширење лажни вести, бидејќи со тоа не помагаат, туку носат штета како на спортот така и на сите граѓани во нашата држава”, вели Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e