Кацарска: Нема да биде нарушена приватноста на судиите, доколку биде проверена нивната имотна состојба

Според моите надлежности јас донесувам пресуда и тука моите надлежности завршуваат. Државата треба да се чуствува поразена кога носи поинакви одлуки од моите, изјави вечерва судијката Добрила Кацарска на 360 степени на Алсат М.

„Не може да има двојна правда и двојни аршини бидејќи сите граѓани сме еднакви пред законот“, смета таа.

Бројот на судии кој што не ја заслужуваат својата функција е многу голем, вели Кацарска.

Таа смета дека доколку биде проверена имотната состојба на судиите, нема да биде нарушена нивната приватност.

Освен имотната состојба, треба да се внимава и на однесувањето на судиите.

„Судиите освен во судниците треба да внимаваат на своето однесување и надвор од зградата на судот. Тие треба да бидат за пример во јавноста“, смета судијката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e