Кацарска: Јанева е невина дури не се докаже спротивното

Како и секој граѓанин кога слушнав, кај мене се предизвика чувство на згрозеност од она што го направи Катица Јанева. Ова синоќа го изјави судијката Добрила Кацарска во „360 степени“ на Алсат М ТВ.

Според неа, сепак, „Катица Јанева е невина дури не се докаже спротивното“.

Таа изјави и дека има многу судии кои не ја заслужуваат својата позиција.

Кацарска посочи и дека доколку биде проверена имотната состојба на судиите, нема да биде нарушена нивната приватност.

Треба да има коренити реформи во судтсвото, почнувајќи од самите судии, изјави таа на Алсат.

– Наместо да бидеме подобри судии, ние одиме се подолу и ги разочаруваме граѓаните со нашата работа, додава судијката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e