ЈП Национален парк „Пелистер” почнува со изградба на Адреналински парк

Јавното претпријатие Национален парк „Пелистер”-Битола ги заврши подготовките и почнува со изградба на Адреналински авантуристички парк, на простор зад Инфо – центарот на националниот парк.

Станува збор за локација над вилата „Седум Кладенци” или меѓу народот попозната како „Вилата на Лазо”, што е на надморска височина од 1.400 метри.

Адреналинскиот парк ќе го гради фирмата „Балкан – нет логистик” од Битола за што е потпишан договор, ќе се реализира во рамки на проектот „Авантура преку границите” со што се овозможува изградба на адреналински парк за деца и возрасни, виа ферата и зип линија.

Проектот Адреналински парк, според познавачите е еден од најголемите проекти на ЈП Национален парк „Пелистер”-Битола од денот на основањето, односно 30 ноември 1948 година, кога со закон донесен од Президиумот на Народна Република Македонија, дел од планината Баба што се наоѓа меѓу долините на Пелагонија и Преспа е прогласен за национален парк, именуван според највисокиот врв во паркот Пелистер со 2.601 метар надморска височина, стар 465 милиони години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e