Родителите на учениците кои вршат насилство во училиштата ќе се соочат со парична казна од 250 евра, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Казната ќе се применува и во случаите кога родителот ќе одбие соработка со училишните служби и надлежните институции.
Овие новини се дел од измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по серијата регистрирани инциденти на врсничко насилство што ја вознемирија јавноста во изминатиот период.
Ресорната министерка децидно ги потврди законските измени кои имаат за цел да ја подигнат одговорноста на семејството во воспитниот процес.
„Родителот ќе биде казнет со 250 евра за секое насилтво сторено од детето, но и кога родителите ќе одбијат да соработува со училиштето“ рече Јаневска.
Според најавите од Министерството за образование и наука, новите законски измени веќе се во завршна фаза и наскоро ќе бидат доставени на усвојување до Собранието.
