Јанева утре се враќа во Шутка

Поранешната шефица на Специјалното Јавно Обвинителство, Катица Јанева, е во значително подобра состојба и утре се враќа во истражниот затвор во Шутка.

Таа веќе четири дена е сместена во приватната болница „Филип Втори“ откако докторите и измерија висок крвен притисок и констатираа прединфарктна состојба.

Адвокатите на Јанева посочија дека немаат побарано од судија на претходна постапка укинување на притворот поради влошената здравствена состојба. Тие ќе ја чекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција од три станови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e