Јакимовски изведен пред судија – Дали навистина проневерил еден милион евра?!

Екс градоначалникот на скопската општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ Стевче Јакимовски утрово е уапсен по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал. Освен Јакимовски уапсени се и уште две лица кои биле вработени во општинската администрација, додека за пет други лица е одредена мерка на претпазливост.Јаскимовски е изведен и сослушан од судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје.

Јакимовски е уапсен за нова истрага за која се очекуваат повеќе детали во текот на денот. Дел од медиумите, повикувајќи се на изјава на шефицата на Обвинителството Вилма Рускоска, пренесоа дека за време на неговиот мандат како градоначалник на Општина Карпош времени објекти на државно земјиште, кои по ниеден закон не смееле да се легализираат, биле легализирани и со тоа земјиштето било откупено по многу намалена цена.

Првичната оценка на одделот за организиран криминал е дека со злоупотреба на службената положба се проневерени еден милион евра, а тоа е разликата меѓу реалната цена и продажбата преку процесот на легализација.

Во август минатата година, Јакимовски беше приведен и му беа изречени мерки на претпазливост откако Основното јавно обвинителство соопшти дека заедно со четворица соработници се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања, овозможувајќи бесправни градења спротивно на Законот за градење со што го оштетиле буџетот на општината Карпош за вкупно 36.634.675 денари. Притоа со противправна имотна корист се стекнале правните лица Алконпроект во износ од 33.789.441 денари и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e