Излезноста до 13 часот е 26,35 отсто

Одзивот на гласачите до 13 часот е 26,35 отсто, соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Овој процент е извлечен од податоците што ги доставиле избирачките одбори од 1720 избирачки места. Во споредба со претходните претседателски избори од 2019, процентот на излезност е поголем за 6 отсто.

Најголем одзив има во општина Новаци – 42,87 отсто, а најмал во Врапчиште со 10,18 отсто. До 13 часот во ДИК се пристигнати 140 приговори за правото на гласање. Од нив, 16 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 9 се одбиени, 8 се отфрлени како неуредни, а другите се во обработуваат.

До ДИК не се пристигнати информации дека на некои избирачки места имало прекин во гласањето подолг од 1 час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e