Излезноста до 10ч 6,31% – Најголема излезност има во Крива Паланка, најмала во Врапчиште

До 10 часот на гласање излегле 6,31 отсто од гласачите во вториот круг од претседателските избори, соопшти Државната изборна комисија по обработени 88,1 отсто од избирачките места.

Право на глас имаат 1.808.131, а за да биде успешен вториот круг и да биде избран претседател, потребно е излезноста да биде над 40 отсто, односно на гласање да излезат 723.252 гласачи.

„На избирачките места веќе три и пол часа се гласа, сѐ тече мирно и без неправилности“, велат од ДИК.

По општини, најголема излезност има во Крива Паланка со 14,91%, по што следуваат Демир Капија со 13,24%, Кратово со 12,46% и Берово со 11,06%. Најмала излезност има во Врапчиште со 1,16%, па Дебар со 1,29% и Боговиње со 1,31%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e