Излезноста до 13ч е 20.73%

На штотуку одржаната прес конференција на Државната изборна комисија беше соопштено дека излезноста во вториот круг од изборите до 13 часот е 20,73%.

Од обработени 99,86% од гласовите од вкупно 1.808.131 изборачи гласале 359.024 граѓани.
Крива Паланка, Крушево, Прилеп и Кратово се засега општини со најголема излезност, а со најмала остануваат Врапчиште и Желино.
Следната прес конференција ДИК ја закажа за во 15:30 ч кога ќе биде соопштена излезноста до 15ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e