Богојески го оствари своето право на глас: Одлуката е на сите нас

Претседателот на платформата Македонски концепт, Петар Богојески своето право на глас го оствари утринава во 10:00 часот во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

Според Богојески, секој треба да излезе и да гласа онака како што смета дека е правилно но, додаде, од утрешниот ден па натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро.

-Нашите стари кажале „Со сила убавина не бидува“, затоа денеска со кроце, спокојно, сите внимателно без непотребни тензии да заврши овој ден, да изгласаме онака како што секој од нас смета дека е правилно но сепак да имаме едно на ум, од утрешниот ден па натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро и доколку не сме подготвени да влеземе во нормален и во спокоен живот, изјави Богоески утринава пред гласањето.

Тој додаде дека одлуката е на сите нас и како што дополни, се надева дека денеска ќе излезе цела Македонија на гласање и ќе ја донесеме вистинска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e