Избрани нови директори – Лукаревска на УЈП, Атанасов на Агенција за храна и ветеринарство

Владата на денешната седница покрај назначување на Лазе Велковски и Горан Николовски за нови директори во БЈБ и УБК, ги постави и Сања Лукаревска за директор на УЈП и Зоран Атанасов за прв човек во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Лукаревска е член на Централниот и Извршиот одбор на СДСМ а Зоран Атанасов важи за еден од најблиските соработници на министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто, Љупчо Николовски, кој во техничката влада беше дел од неговите советници.

И двајцата назначени директори и до сега беа вработени во истите институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e