Инвеститор на зградата која е во градба и каде утринава се случи несреќа е Ивица Конески, поранешен градоначалник на општина Аеродром. Се работи за фирмата Нар Инвестмент ДОЕЛ Скопје на која сопственик е Ивица Коневски, а управител на компанијата е Илија Конески. Основана е во ноември минатата година како друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал и е регистрирана на улцата Петар Поп Aрсов во Центар.
Телма стапила во контакт со Конески кој изјавил дека не може да зборува бидејќи е многу потресен, но посочил дека изведувач е компанија Јакимовски ДООЕЛ. Тој очекува истрагата да покаже кои се причините за несреќата, но посочи дека ги имале сите потребни дозволи. Сопственик и управител на фирмата изведувач „Компанија Јакимовски ДОЕЕЛ“ е Предраг Јакимовски .
Тројцата повредени работници кои утрово беа извлечени од градилиштето, денеска се примени на Ургентениот центар. Eден е со скршеници на нозете, а другите двајца се со полесни повреди, како нагмеченци и повреда на лактот.
