Ивановски: Не е потребен потписот од Иванов за Договорот со Грција

Поранешниот претседател на Уставниот суд,  Трендафил Ивановски за Фактор магазин изјави дека за Договорот со Грција имаме една јасна работа во меѓународното право, но вели за жал може да се искомплицира работата за да се бараат ингеренции на Уставниот суд.

„Меѓународните договори во име на државата ги склучува претседателот на Републиката и Владаат во одредени законски утврдени случаеви. Откога еден меѓународен договор ќе се склучи, тој подлежи на ратификација, со чинот на ратификацијата веќе договорот е тој којшто е во примена. Меѓутоа за формалните елементи, еден акт за да биде целосно комплетен тој треба да биде објавен, а за неговото обнародување, треба да биде доставен до Службениот весник, а тој чин се врши со потпис од страна на претседателот на државата. Бидејќи самиот закон е за ратификација на договор за публикување, за објавување, со други зборови самиот чин на неговото објавување е малку поинаков од редовниот систем. Знаеме дека претседателот на Републиката веќе наговести дека нема да даде свој потпис на договорот, никој од него не бара потпис на договорот, бидејќи договорот ќе го потпише тој којшто веќе го потпиша. Од друга страна дали ќе сака претседателот на Републиката да придонесе кон натамошните цивилизациски текови и придобивки за Македонија да оди напред, или ќе сака да го  кочи, тој се обидува на некој начин токму преку тоа да не даде потпис на указот за прогласување на законот за ратификација на договорот. Мисли дека еве со тоа ќе го стопира. Моќе тој формално да го одбие, следува враќање во Собранието, повторно изгласување, ако изгласаат над 61, тој е должен да го потпише“- вели Ивановски.

Тој рече дека Собранието може да побара одговорност од Иванов, а утврдување на одговорност има и Уставниот суд.

Со дво – третинско мнозинство, заседава Уставниот и одлучува.

Со самиот чин дека постои одговорност, престануваат обврските на претседателот.

Ивановски вели дека тоа не доликува на едно демократско општество, и на функциите на овие луѓе.

Вели дека претседателот треба да биде свесен дека се работи за меѓународен договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e