Иванов е во аут, Парламентот стапува на сцена

Улогата на претседателот Ѓорге Иванов може да се заобиколи во давањето на мандатот за состав на влада и парламентарното мнозинство може да го свика Собранието и да избере влада, која ќе ги врати во функција државата и институциите, сметаат правните експерти.

– Во најмала рака сега треба да се бранат државата и институциите. Иванов не постапи по уставната определба, останува да се видат другите опции кои Уставот ги нуди. Влада треба да се избере, целата надлежност и одговорност сега преминува во парламентот, сега фактички се заобиколува функцијата претседател и Собранието треба да смогне сили и да се состане. Има коалиција, има парламентарно мнозинство, и сега останува парламентарното мнозинство да бара свикување седница на Собранието – изјави за Плусинфо, професорот по правни науки на Универзитетот ФОН, Осман Кадриу.

Кадриу смета дека таквата влада, избрана од Собранието со заобиколување на улогата на претседателот, не би требало да биде оспорена од Уставниот суд затоа што Уставот дава таква можност, особено што, како што вели, претседателот ја погази својата функција, и не смее да се повикува на дискреционо право за доделување на мандатот.

– Без никакви услови Иванов треба да го даде мандатот на претставник на партија или коалиција која ги исполнува условите, а тоа е обезбедено парламентарно мнозинство од 61 пратеник – додава Кадриу за Плусинфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e