Италија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, Шекеринска и Николовски за заблагодарија

Италија го ратификуваше Протоколот за наше членство во НАТО, информираа од италијанскиот парламент.

Италија е 23-тата од 29 земји членки која досега го ратификуваше протоколот. По комплетирање на ратификацијата Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО.

Досега 21 држава целосно ја завршија процедурата на ратификација на протоколот и негово депонирање во Вашингтон.

За убавата вест на своите ФБ профили на Италија и се заблагодарија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e