Истанбул и соседните држави најатрактивни за Нова година

Истанбул е градот каде што поголем дел македонски граѓани годинава сакаат да ја поминат новогодишната ноќ, но во нивниот избор не заостануваат ниту главните градови од соседните држави. Од европските метрополи има интерес за Виена и за Милано, а од подалечните дестинации атрактивен е Дубаи. Се нудат аранжмани и за Лапонија, во кои е вклучена екскурзија до селото на Дедо Мраз, посета на поштата каде што може да се испрати писмо со желби за следната година, посета на Санта парк, на шумата на троловите, фармата за елени и арктичката зоолошка градина Рануа.

Во туристичките агенции може да се најдат аранжмани за три и четири ноќевања за Истанбул со авионски и автобуски превоз. Цените почнуваат од 120 евра по лице за хотелско сместување со автобуски превоз и од 220 евра со авионски превоз. Дочекот на Новата година е на плоштад, а за прослава во рестораните и хотелите се доплаќа. Некои агенции нудат можност и за дочек на брод.

– За Нова година најмногу се бара Истанбул. Македонските граѓани сакаат да одат во Истанбул. За таму има голем интерес, велат од туристичката агенција „Магелан“, додавајќи дека најголем интерес има за поевтините аранжмани, кои се продават бргу, додека за поскапите аранжмани интересот е помал.

Од соседните држави има интерес за прослава на Новата година во Софија и во Атина. Аранжманите за Софија се движат од 80 евра нагоре, а за Атина околу 100 евра со вклучен автобуски превоз и хотелско сместување.

Од јадранската ривиера и годинава, како и лани, атрактивна е Будва, за каде што граѓаните ќе треба да платат по околу 90 евра доколку сакаат да се сместат во хотел и околу 60 евра за приватно сместување.

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e