Исполнето уште едно ветување кон лозарите: Собранието го донесе новиот Закон за вино

Собранието го донесе новиот Закон за вино! Исполнивме уште едно ветување пред лозарите! – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Со овој закон за прв пат се утврдува производната цена на винско грозје по килограм најдоцна до 15 јули во тековната година, и тоа за најмалку две најзастапени сорти.
Се заштитува традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво.
Комплетно се усогласува со новите правила на ЕУ во делот за воведување на нови производи во рамки на законот (органско вино, ароматизирани вински производи).
Целта на законот е поголема сигурност и поддршка за лозарите, зголемен извоз на македонското вино и уште повисоко позиционирање на светската винска мапа.
– Благодарам на пратениците, на научната јавност, на земјоделците, винариите, земјоделските здруженија, со кои заедно допринесовме за остварување на овој исклучително важен закон за лозарите, порача министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e