Исплатен е образовен додаток за над 26 илјади деца

Извршена е исплата на додатокот за образование, за четвртиот мерен период, за 26.050 деца. Со оваа исплата, образовен додаток добија над 2.000 деца повеќе, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Ресорното Министерство потенцира дека постојано го зголемува опфатот на деца со образовен додаток.

-Се грижиме за секое дете и не дозволуваме здравствено-економската криза да се одрази на најмладата популација, која е иднината на оваа земја. Затоа и во исклучително сложени услови ја зголемуваме поддршката за секој поединец, за секое семејство. Многу е значајно децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна помош и затоа Владата донесе уредба со кој престана важењето на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование, за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година. Тоа беше со цел да го олесниме пристапот до овие права, образложуваат од МТСП.

Една од придобивките на социјалната реформа, дополнуваат, е што повеќекратно го зголемивме бројот на деца корисници на ова право. Споредбено, пред реформата, велат од ресорното Министерство, бројот на корисници на програмата условен паричен надоместок изнесувала 2.877.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e