Интервју со Мицевски: Коридор 8 ќе има значајна улога во поврзување со соседните земји, а Крива Паланка ќе ја завзема централната позиција на истиот

На средината од својот градоначалнички мандат првиот човек на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски вели дека пред себе има уште многу амбициозни проекти со цел овој мал град на североистокот да го направи пријатно и модерно место за живеење. Во интервјуто ги потенцира најзначајните инфрастуктурни зафати во урбаниот и руралните делови на градот, зборува за прашањето кое е од голем интерес за кривопаланчани – цената и квалитетот на комуналните услуги, за патното поврзување со соседна Бугарија, за подобрувањето на условите за воспитание и образование, за транспарентноста на локалната самоуправа која ја предводи…
И покрај набиената агенда на обврски и надлежности Мицески е достапен до граѓаните. Вели функцијата е минлива, а само човековите карактерни особини не отсликуват сите нас затоа пред се треба да сме луѓе, а потоа политичари и професионалци во однос на она што го работиме.

75429440_683801455445848_8815217416360427520_n

Две години сте на функцијата градоначалник на општина Крива Паланка. Пред изборот порачавте дека задача на градоначалниците е да остават белег на времето со својата работа. Што беше планирано за овој период, а што е остварено? Колку сте задоволни од сопствената и работата на својот тим, а колку од друга страна сте самокритични?

– Да, мојата порака беше дека ние оставаме белег на времето додека сме на функцијата, не само со проектите кои ги реализираме, туку и со начинот на нашето однесување или поставеност на самата институција. Во овие две години напорно работиме на проекти во делот инфраструктурата, и тоа во урбаниот и руралниот дел на општината, проекти во сферата на детската заштита, во сферата на услугите кои ги нудиме, во сферата на образованието но и на подготовка на нова проектна документација. Премалку е за две години да се зборува за нешто конкретно, но од она што е на пат и што е видливо може да кажеме дека за само оваа година имаме низа проекти во делот на детската заштита. Конкретно во детската градинка „Детелинка“, реновирани и адаптирани се нови простории, се адаптира надворешниот изглед со енергетски ефикасна фасада и промена на целосната столарија, обезбедени се средства и извршена е промена на кровната конструкција, обезбедени се средства за надградба на уште еден кат на објектот во централното градско подрачје.

Во фаза на преговори сме и пред потпишување на договор за реализација градски парк и плоштад и целосна промена на ликот на централното градско подрачје, отпочнавме со регулација на Крива Река со кој проект ќе продолжиме и следната година, проектираме нова пристапна улица од сегашниот зелен пазар па се до Станицата за технички преглед, по левата страна од течението на Крива Река, нов патен правец кон Калин Камен. Исто така имаме целосно нов проект за изградба на затворен зелен пазар со подземен паркинг. Паралелно на тоа се работи и подготовка на нова проектна документација за поголем број на улици и патни правци во градот. По 4 децении, минатата година беше рехабилитиран дел од патниот правец кон с.Огут во должина од 8км, а годинав патниот правец кон с.Луке во должина од 11 километри.

Каква е соработката со централната власт?

-Соработката е на максимално виско, задоволително ниво. Морам да истакнам дека власта има чувство за реалните потреби на општина Крива Паланка и регионот во целина. Тука само би алудирал само на забрзување на административните процедури и постапки на кои губиме многу време.

Во предизборието гасификацијата ја најавивте како дефинитивно најклучниот проект. До каде е реализацијата на ова прашање?

-Она што го затекнав со проектната документација не беше комплетирано и имаше определени пропусти во истата. Во меѓувреме издвоивме повеќе од половина милион денари за докомплетирање на таа документација и внес на точни податоци и информации. Дојдени сме до фаза на одобрување за градба, со тоа што секундарната мрежа би чинела некаде околу 600-700 000 евра според проектираната цена и за тоа е потребно да се обезбедат финансиски средства. Имаме формирано јавно претпријатие, назначено раководител, изберени тела, истото е регистрирано во Централен регистер. Начелно сме подготвени. Во момент кога државата работи на примарната мрежа, ние ја имаме таа примарна мрежа како приклучок во индустриската зона на поранешна фабрика Карпош и очекуваме одобрување на средства од страна на Владата за изградба на секундарна мрежа која што би била околу 15км.

72563581_10216737162474567_2137880449018494976_n

Најавивте и реализиравте намалување на комуналните такси. Во каква состојба го затекнавте ЈП Комуналец и што направивте во областа на комуналните услуги во изминативе две години?

Крива Паланка заедно со останатите општини од Североисточниот плански регион работат на регионално управување со цврстиот отпад. Веќе сме во фаза на оформување на ново заедничко јавно комунално претпријате кое ќе биде стационирано во Св. Николе. Во делот на Мечкуевци ќе биде лоцирана новата депонија која што ќе го собира отпадот од вкупно 18 општини од Источниот и Североисточниот регион. Во таа насока, со оглед дека ќе биде зголемена цената за транспорт за отпадот дел ќе кофинансираме и ние како оптшина. Транспортот на отпадот до Ранковце ќе мора да го финансираме сами, а од таму до Куманово како регионален претоварен центар ќе конфинансира Владата.

Во врска со цената комуналните услуги, односно водата за пиење, имаче определено намалување на цената, но сега по налог на Регулаторната комисија која има целосна ингеренција во тој дел, наложено е одредени ценовници или услуги да бидат корегирани согласно на реалните трошоци на чинење на услугите кои ги нудиме. Регулаторна со допис не информира дека оваа и следниве две години ќе мора да има минимална корекција на сегашните цени на водата, бидејќи како општина имаме најефтина цена по метар кубен.

Треба да потенцираме дека во оваа година набавивме три нови и две половни возила за ЈП Комуналец. Машина скип – донација од Светска банка, од Јапонската амбаса добивме ново возило за собирање смет, а со сопствени средства набавивме едно ново и едно половно возило за смет, и едно возило набавивме преку Агенцијата за запленет имот. Возниот парк за овие пет месеци е значително подобрен со што и услугите што ќе ги понуди јавното комунално претпријатие ќе бидат на едно повисоко ниво. Годинава беа набавени и значителен број на контејнери и канти за смет кои веќе се ставени во функција. Со проектот за регионално управување со отпад, во текот на 2020 година ќе треба да добиеме три нови возила и тоа 4, 6 и 10m3 и 192 сада за отпад.

Државата активно работи на изградба на современа патната инфраструктура за поврзување со соседна Бугарија? Што тоа ќе значи за економијата во Крива Паланка како пограничен регион?

Во текот на овие две години, благодарение на централната власт, се инвестира во инфраструктурата како никогаш досега. Обезбедени се 150 милиони евра за втората делница од железничката пруга која е дел од Коридор 8, од Бељаковце до Крива Паланка. Во најскоро време се надеваме со отпочнување на активости на терен. Она што е значајно од овој Коридор 8 е експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, во висина од 58 милиони евра за целосно проектирање и изведба на нов патен правец кој ќе ја намали дистанцата и времето на патување до Скопје, и истовремено ќе значи подобрување на линкот со соседна Бугарија.

Најавена е рехабилитација на постоечкиот патен правец од Куманово до Страцин во висона од 20 милиони евра. Во фаза на обнова е постоечкиот патен правец од Ранковце до Крива Паланка во висина од 12 милиони евра каде работите се стасани до с. Псача.

Потпишан е договор за започнување на теренските активности на фирмата Гранит за патниот правец кон граничниот премин Деве Баир, вреден 10 милиони евра, каде што ќе имаме изградба на трета лента, целосна рехабилитација на патот со изградба и/или обнова на мостови. Овој Коридор 8 ќе има значајна улога во поврзување со соседните земји, а Крива Паланка ќе ја завзема централната позиција на истиот.

73222230_1442428539241733_4585738656408403968_n

Во однос на унапредување на локалната инфраструктура со што може да се пофали општината?

-Изминатиот период направивме целосно асфалтирање на 10-тина улици, во нас. Мечковци, два крака во нас Белево, ул. Лисец, ул.Вршачка во близина на Борчева кафана, дел од улица во Бегови Бавчи, целосно асфалтирање на ул. 8-ми Октомври, ул. Партизанска, улица во Домачки Дол, крак од ул. Херој Карпош, крак од ул.Ратко Минев, пристапна улица кон Спортскиот центар, крак од ул. Климент Охридски, дел од ул. Единство, дел од ул. Никола Карев, пристапните делови кон пешачко-реакреативната патека. Во руралните средини беа асфалтирани делови од патни правци во с. Трново и с. Конопница. Работиме на уредување на дел на речното корито на Крива Река од местото познато како Лилаков Мост кон Осички Мост во должина од 330м. Село Луке доби примарна водоводна мрежа, во с.Конопница се гради крак од канализациона мрежа. Извршивме изградба на регулацијата на Скрљавски Дол.

Согласно вашата изборна програма работевте на зајакнување на улогата на месната самоуправа со цел побрзо и заедничко решавање на проблемите на граѓаните. Како тече овој процес?

За неколку месеци по мојот мандат беа избрани нови раководства и совети на месните заедници во 33 населени места. Во урбаниот дел таа постапка не е завршена, но очекуваме наскоро да се дефинира опфатот на улиците во урбаниот дел и да ги активираме и урбаните заедници. Имаме беспрекорно добра соработка со месните заедни, како резултат на што беа обновени дел од зградите кои им служеа на месните заедници, простори за собирање за празници и сл. Во неколку месни заедници се санирани водоводите. Ги стимулираме во насока на изнаоѓање на средства и драго ми е што заеднички ги решаваме проблемите. Дел од МЗ лично учествуваат со финансиски средства во имплементација на конкретни активности или подготовка на проектна документација како што се с.Голема Црцорија и с.Кркља.

Во однос на транспарентноста, откако дојдовте на власт седниците на Советот на општината се пренесуваат во живо, со цел граѓаните транспарентно да бидат информирани за одлуките за функционирање на општината, ни и трошење на нивните пари. Исто така, на општинската веб страна постои опцијата граѓаните да ви постават прашање? Колку сте отворени кон граѓаните, поточно за нивните идеи, сугестии, проблеми…? Колку се олеснети административните процедури за кривопаланчани?

Крива Паланка е на самиот врв на општините во државата според транспарентноста. Мојата заложба беше секоја седница на Советот на општината да се пренесува во живо, како на општинската веб страна. Изработуваме месечен билтен кој се дистрибура до руралните средини. Освен анкети и прашалници со цел да ги доближиме граѓаните до активностите на локалната сампурава реализираме форуми и тоа буџетски, тематски или со определан намена и тука учеството на граѓаните е значително. Од особено значење е и учеството на невладиниот сектор бидеји тие организации превземаат дел од обврските за кои би плаќале консултански услуги. На самата веб страна имаме алатка за чат каде граѓаните може да постават прашање и истовремено да добијат одговор од мене, како градоначалник, или од стручните служби. Секој граѓанин може да се пријави на седниците на Советот и непосредно да биде дел од истите.Со системите за електронско пријавување на проблем, за градежна дозвола или градежно земјиште некои постапки во голема мера скратени и поедноставени.

61084421_629482440899949_8264197572122378240_o

Како општина активно го поддржувате спортот, културата, младинските иницијативи. Зошто сметате дека ова е важно прашање за општината?

Годинава за прв пат е усвоена стратегијата за млади на иницијатива на здружение на граѓани. Како општина даваме посебно значење на развојот на спортот и резултатите се видливи. Тоа го стимулираме директно. Освен стипендии за талентирани ученици доделуваме и стипендии за талентирани спортисти. Имаме интенција да формираме општински сојуз за да ги обединиме сите спортски клубови и во иднина да обезбедиме финансики средва за да ги афирмираме. Здруженијата на граѓани меѓу коои и спортските се директно поддржани со грантови од општината. Инвестиравме со ГИС и ТАКТ во нови спортски терени, нова опрема за ученичкиот доми училиштата. Секоја активност е со дирекнта поддршка од општината.

75302640_2727303087307813_1490620768613040128_n

Дали се променивте приватно откако станавте прв човек на општината? Дали луѓето од опкружувањето поинаку ве доживуваат? Какво животно искуство ви донесоа овие две години во „градоначалничкото столче“?

Во сите ситуации треба да останете присебен и да бидете пред се човек. Јас во овие две години се трудам да останам и покажам дека сум оној истиот како и пред стапувањето на обваа функција. Тоа ќе ми биде целта и до крајот на мандатот. Функцијата е минлива, а само човековите карактерни особини не отсликуват сите нас. Затоа пред се треба да сме луѓе, а потоа политичари и професионалци во однос на она што го работиме.

Х. Н.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e