Институциите највиновни за штетите од непогодите

Институциите кои во минатото се бавеле со проучување на природните непогоди и нивното спречување повеќе не постојат, а науката која се бави со нив е маргинализирана, посочуваат експертите.

Институциите ја сносат најголемата вина, а мала улога игра и човечкиот фактор за последиците од поплавите кои пред повеќе од еден месец го погодија скопско, е заклучокот на стручните лица кои учествуваа на трибината на Цивил – Градење на ефикасен систем за превенција и справување со ризици од природни непогоди во Македонија. Според нив, институциите кои во минатото се бавеле со проучување на природните непогоди и нивното спречување повеќе не постојат, а науката која се бави со нив е маргинализирана. – објави Радио Слободна Европа.

Професор Александар Трендафилов од Шумарскиот факултет во Скопје рече дека 90 отсто од проблемот го гледа кај институциите, а 10 отсто кај човекот и тој очекува природните непогоди да бидат зачестени во иднина.

„Во бесправни држави први на удар се природните ресурси, а тоа нам ни се случи и ќе ни се случува за жал“, вели тој.

Трендафилов додава дека клучно е и тоа што нема соодветни институции кои би се справиле со појавата на природни непогоди, кои ги имало во минатото, но биле затворени, а нема ни доволно стручни лица, ни проекти кои се бават со оваа тематика.

Неговиот колега од Шумарскиот факултет, професор Иван Блинков посочува и на ранливоста на теренот каде се случија поплавите и урбанизацијата која е направена без никакви стандарди.

„Ние имаме опасност, а тоа е количината на вода што доаѓа, а ризикот зависи колкав ќе биде и од ранливоста на теренот, која овде е огромна“, вели тој.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e