Иницијатива за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ: Влеговме во графата „недемократска партија“

„Станува јасно, дека раководството се грижи единствено за себе, и воопшто не им е важна иднината на партијата“, велат од внатрешната иницијатива.

По вчерашниот говор на претседателот Иванов, влеговме во графата на „недемократска партија“. Нашите сестрински партии се од држави кои се членки на ЕУ, наши докажани пријатели па неприфатливо е ВМРО-ДПМНЕ да води анти НАТО и анти ЕУ политики. Постои опасност целата партија да биде осудена и прогласена за недемократска, вели анонимна организација која се претставува како Внатрешна иницијатива за модернизација и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со фактот дека нашето раководство ја прифати платформата и започна преговори со ДУИ, а претседателот Иванов го даде мандатот за формирање на влада, кога не беше постигнат договор само заради темата СЈО, стана јасно дека сме биле изманипулирани. Станува јасно, дека раководството се грижи единствено за себе, и воопшто не им е важна иднината на партијата. Нашата партија е украдена и злоупотребена, а со тоа и нашите чест и углед. Не заслужуваме да бидеме поистоветувани со тие луѓе. Зошто еден ден да се срамиме затоа што сме учествувале во овој циркус“, велат од иницијативата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e