Илина Арсова во освојување на врвот на Антарктикот

Алпинистката Илина Арсова е пред уште еден тежок подвиг. Како дел од тричлена меѓународна експедиција, ќе се обиде да го искачи највисокиот врв таму – Винсон. Со ова таа ќе ја оствари својата цел, да го реализира проектот седум врвови на седум континенти.

„Драги пријатели, наскоро кон новиот подвиг. Врвот Винсон на Антарктикот е и седмиот од предизвикот 7 врвови. Се радувам што ќе имам можност да ја претставувам нашата земја на една волку специфична експедиција, на најизолираното и најстудено место на светот. Багажот е веќе натоварен и сега чекаме погоден момент за полетување“, напиша Илина на својот Фејсбук профил.

Арсова досега се искачила на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва, 6.962 метри во 2011 година, во 2012 година на Килиманџаро во Африка со 5.895 метри, 2013 година Монт Еверест во Азија со 8.848 метри, Елбрус во Европа, 5.642 метри, во 2014 година, Денали во Северна Америка, со 6.195 метри височина во 2016 година и во 2019 година на Карстните пирамиди во Австралија со 4.884 метри надморска височина.

Арсова е првата Македонка која се качи на највисокиот врв на планетата, Монт Еверест.

И.Р.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e