Холандија е 26-тата земја која го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, сподели Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил.

До сега, Договорот го ратификуваа 26 земји членки, и тоа: Албанија, Данска, Полска, Грција, Турција, Белгија, Германија, Португалија, Естонија, Луксембург, Бугарија, Летонија, Романија, Канада, Италија, Хрватска, Литванија, Словачка, Унгарија, Велика Британија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Република Чешка и последно, Соединетите Американски Држави и Холандија.

Остануваат уште три држави кои треба да го ратификуваат Пристапот на земјата во НАТО Алијансата. Тоа се Исланд, Франција и Шпанија.

Официјалното членство се очекува да се случи во февруари 2020 година, поради закажаните избори во Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e