Хелсиншки комитет: Иванов да ја отповика одлуката

Oдлуката на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да не го довери мандатот на кандидатот на партиите што имаат мнозинство во Собранието, претставува директно кршење на Уставот на РМ и е пречекорување на неговите уставни овластувања, а спротивно на волјата на граѓаните, сметаат од Хелсиншкиот комитет.

Според нив, оваа одлука истовремено е директно негирање на волјата на мнозинството граѓани за формирање мнозинска политичка влада, со 67 мандати во Собранието.

Хелсиншкиот комитет изразува загриженост дека со овој свој гест Претседателот има намера да ја продлабочи политичката криза во државата, додавајќи и безбедносна и интеретничка опасна димензија.

„Тоа би можело да произведе ситуација на темелна загрозеност на човековите права на сите граѓани во Македонија во ситуација на длабока политичка и безбедносна криза. Од тие причини, Хелсиншкиот комитет повикува на отповикување на оваа одлука на Претседателот, сè со цел за брз излез од политичката криза и влез во тешкиот реформски период кој и претстои на Македонија“. Се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e