Хаос со картичките на ЈСП

Скопјани имаат главоболка од новите билети на ЈСП. Велат, картичките со кои се принуденои да се возат во автобусите, намсто да им олеснат, сега им отежнуваат поради гужвите на билетарите и не можат на време да ги надополнат. Иако на почетокот на годината во автобусите можеа да се купат неперсонализираните картичики, сега има недостаток од новте билети.
Картичките имаат различни цени. Месечната се надополнува за 1.400 денари за градски линии, а 1.600 и за пригратските, но мора да биде персонализирана, а самата картичка вреди 200 денари. Неперсонализираната пак се надополнува со најмалку од 100 денари. Кога ја купувате е 150 денари и промотивно добивате 5 билети, а од февруари ќе бидат само два билета.
Со почетокот на годината сокопјани имаат дополнителна обврска. Повеќе не купуваат билет во автобус, туку чекаат ред за да ги надополнат скопски картичките. За неперсонализираната картичка, тие треба да платат 250 денари доколку сакаат 10 вожни, но ќе ги искористат само за 15 дена. Инаку, се надополнуа и за 100 денари, но тогаш билетот ќе чини 35 денари.
Во некои од автобусите ги нема картичките, граѓаните не плаќаат билети, контролата пишува казни. А за овој недостаток од дирекотот на ЈСП вели дека е инцидентен. За месецов обезбедиле 150.000 картични, но се продале за 5 денар, велат од претпријатието.
„Во месец јануари се продадени околу 40.000 кај приватните, 50.000 во автобусите на ЈСП СКОПЈЕ и над 50.000 во билетарниците и мастер дилерот или вкупно се издадени околу 156.000 персонализирани и околу 180.000 неперсонализирани картички. Во овој контекст, ги информираме граѓаните дека овие картички не се за една употреба, односно истите овие картички се купуваат еднократно и по искористувањето на гратис возењата се надополнуваат.“ – велат од ЈСП.
Билет може да се плати со телефон, но засега ЈСП има соработка само со еден оператор. Претходно, официјалното функционирање на новите билети на претпријатието во неколку наврати се откажуваше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e