Груевски се појави на Комисијата за уставните амандмани

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се појави на Комисијата за уставни прашања на која ќе започне расправата за уставните амандмани. Груевски претходно беше на судење за предметот „Титаник“, поради што не присуствуваше на Комисијата за мандатно имунитетни прашања која донесе одлука да му предложи на Собранието одземање на неговиот мандат поради пресудата која е донесена против него.

На денешната седница треба да се расправа за нацрт амандманите предложени од Владата.

Во салата се присутни и премиерот Зоран Заев, советникот Бојан Маричиќ, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, и други функционери од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e