Груевски се крие во белата палата, чека аболиција од Иванов?!

Како што неофицијално дознава и пренесува порталот Либертас од извори од ВМРО-ДПМНЕ, екс премиерот Никола Груевски моментално се наоѓа во белата палата, односно партиското седиште и таму се крие од полицијата која го бара со национална потерница на барање на судот.

Според неофицијалните информации, тој таму чека на аболиција од претседателот Ѓорге Иванов, иако не е познато дали Иванов ќе се реши да го помилува, со оглед на тоа што тој веќе еднаш во 2016 го искористи правото на помилување, а потоа ги повлече аболициите за сите осомничени од предметите на СЈО, по повеќенеделни протести и силен притисок од меѓународната заедница.

Во меѓувреме, потерницата по Груевски веќе е објавена и на сајтот на МВР во делот „Потраги“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e