ГРИЖАТА ЗА ТУТУНАРИТЕ СЕ ГЛЕДА ПО ДЕЛАТА: 1,5 милијарди денари субвенции во еден ден

Не постои идеален земјоделски систем.

Она што е пресудно е дали тој што ќе застане на чело на секторот ќе има искрена намера и визија да тежнее кон горе или ќе чека да му помине мандатот.

Овој министер за земјоделство искачи многу скалила нагоре во сите земјоделски сектори – без исклучок, а на тутунарството како една од најмакотрпните земјоделски гранки гледа со посебно внимание и фокус.

Препознаена е тежината на оваа гранка и преземени се соодветни чекори за подобрување на стандардот и  достоинството на тутунарот.

  • За само еден ден на сметките на 14 300 тутунари беа исплатени речиси 1,5 милијарди денари субвенции за реколтата 2023
  • Тутунарот конечно добива соодветен третман, без да биде угнетуван, уценуван, обележуван и делен по ‘подобни и неподобни” списоци
  • Белите картони се само лош спомен на едно лошо владеење
  • Денес тутунарите имаат рекордно највисока откупна цена која изнесува 365 денари по килограм предаден тутун и дополнителни 100 денари за прва класа
  • Денес имаме зголемени површини за обработка
  • Тутунарите од оваа година добија и нова мерка за поддршка по пријавена површина тутун, со поддршка од 6.000 денари по хектар и зелена нафта од 12.000 денари.

И најмал чекор, доколку е во вистинската насока, е чекор поблиску до целта.

Вредните земјоделски раце го знаат и препознаваат тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e