ГРЕКО регистрира напредок во борбата против корупција

Денеска во Владата на Република Северна Македонија, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за правда, Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржаа заедничка прес-конференција.

Темата на денешната прес-конференција беше ситуацискиот Извештај на ГРЕКО за Република Северна Македонија за препораките од петтиот круг на евалуација, на тема „Превенција од корупција и промовирање на интегритет на централната власт“.

„ГРЕКО нотира напредок во делот на препораките за борба против корупција. Тоа е показател за јасно изразената политичка волја, за спречување и крајно искоренување на корупцијата. Во Извештајот позитивно е оценето донесувањето на новиот Кодекс за етичко однесување, а особено е потенцирано, дека се постапува согласно одредбите од Кодексот, односно веќе има случаи на разрешени функционери“, потенцираше вицепремиерот Николовски.

ГРЕКО дава и експлицитен позитивен коментар за измената на владината Уредба за примање подароци, со која точно се пропишани процедурите за примање на протоколарни дарови од странски и домашни, физички и правни лица, информираше вицепремиерот Николовски, кој додаде дека сумите за протоколарни подароци се намалени и изнесуваат максимални 20 евра. Се поздравува и тоа што транспарентното се објавени имињата и висината на приходите на сите советници во Владата и министерствата на нивните веб-страници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e