Грчева: Ние сме најзагадена држава, веќе нема град кој што не е загаден

Не се работи само за Охрид, кој не треба да го изгуби статусот на УНЕСКО, меѓутоа за жал ние имаме Зелена партија која не е на терен. Македонија е целата дивоградба, истакна претседателката на политичката партија „Глас за Македонија“, Солза Грчева во вечерашното изданије на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Оставете ги акциските планови, продолжува таа, „ние сме потонати во ѓубре“.

– Ние сме најзагадена држава, бидејќи веќе нема град кој што не е загаден, изјави Грчева.

Според неа, штом има закон за легализација на дивоградбите, тогаш тоа автоматски значи дека власта има намера да го легализира целиот тој хаос, само како што истакна, „прашање е за колку пари тоа ќе се направи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e