“Граѓански збор”: Мицкоски на лидерската не зборувал за здравствените аспекти туку наоѓал други причини за одложување на изборите

Мицкоски целосно со нова реторика, вооошто не зборувал за здравствени аспекти, бројот на граѓани позитивни на тестирањето од корона вирусот или здравствена криза како причина за неприфаќање за учество на изборите на 5ти јули, дознава “Граѓански збор“.

Тој сега бара сосема други причини.

Според него, ОБСЕ/ОДИХР доцнеле со мисија и не биле доволни 22 дена за да се завршат изборните процеси.

Мицкоски, најпрво го отворил прашањето дали мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да дојде од утре, што е нелогично, па потоа дека треба да биде дојдена мисијата пред почеток на кампањата.

Секако мисијата треба да добие прво точен датум за изборите, да се организира и да пристигне. Мисијата веќе најави дека ќе прати набљудувачи.

Спорел дека ДИК нема доволно време за 22 дена да се подготви за избори иако законот и уставот се јасни дека 22 дена по завршување на вонредната состојба продолжува процесот. ДИК е извршно тело.

Нему не му е важно тоа што претседателот на ДИК потврди со свој потпис и прифаќа дека се завршени сите дејствија кои пред вонредната состојба беа завршени и дека процесот продолжува со следните изборни дејствија од каде што се застана со вонредната состојба.

Барал процесот со јавен увид во избирачкиот список да се врати на почеток, иако увидот во избирачкиот список е одамна завршен.

Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не сакаат да учествуваат на изборите и затоа сега се поставува сосема нова реторика, се барат сосема нови причини за непостигнување на договор за изборите, а притоа целосно се откажале од здравствената состојба како причина иако постојано последните 30 дена тоа го зборуваат во сите нивни јавни настапи.

Заев на средбата, потврдил дека ОБСЕ/ ОДИХР ќе испрати мисија за изборите на 5ти јули и за тоа веќе јавно е соопштено а и дипломатска нота е испратена од ОБСЕ/ОДИХР како писмена потврда. Потврдил исто така дена се целосно согласно Устав и закон доволни 22-те денови кои остануваат по завршувањето на вонредната состојба за да ДИК го дозаврши избирачкиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e