Не се само судиите од тефтерчето тие што се знаат со име и презиме. И замајувачите имаат име и презиме. Се викаат Ѓорге Иванов и Али Ахмети. Тие имаат одговорност за блокирање на истрагата. И за попречување на правдата.
Единствената работа што посветено и добро ја врши за време на мандатот претседателот Ѓорге Иванов е да му го троши времето на СЈО. Тој е извршител на Груевски кој по втор пат ја попречува истрагата. Еднаш лани, во април кога ги аболираше осомничените политичари, и сега кога на опозицијата ѝ бара потписи за да ѝ го даде мандатот, откако претходно, без да собере потписи Груевски не успеа да состави влада.
Е па, тешка е одлуката. Одлуката не е ни за двојазичност, ни за Влада, ни за нов Охридски договор, ни за нова војна. Оти ете, како што кажа Рафиз Алити, и од Груевски се барале писмени гаранции, и Груевски прифатил сè, само не успеал да се договори со ДУИ за СЈО.
Може сè, само Шутка не.
Целата колумна на на Горан Михајловски за СДК на следниот линк.