Годинава никој не ја заслужува наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин”

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, одлучи во 2019 година државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.

„Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Одлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година“, велат оттаму.

Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e