Го менуваат Изборниот законик за да ја фалсификуваат волјата на народот, рече Николоски

Преговорите за Изборниот законик влегоа во ќор сокак по вина на власта, којашто на подмолен и недемократски начин, сака да протурка решенија во парламентот без претходна дебата и без спротивставување на аргументите, изјави денеска на прес Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и СДСМ не се искрени кога вината ја насочуваат кон опозицијата, затоа што нивното коцкање со државата ја носи државата во слепа улица. Ваквото барање само го зголемува сомнежот дека за таквите измени стои стравот од пораз на изборите коишто доаѓаат и мотивите да се злоупотреби изборниот процес, со цел да се фалсификува волјата на граѓаните. Не се случило до сега да се менува изборен модел без консензус, не се случило до сега да се менува изборен модел без да учествуваат сите политички во дискусијата за истиот или барем најголемите“, смета Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e