Глуп си како точак – му рече Најчевска на Богојески и го напушти студиото

Професорката Мирјана Најчевска која вечерва гостуваше на дебата на Канал 5 телевизија заедно со Петар Богојевски, но по одредено време од дебатата нервозна го напушти студиото, а на Богојевски му рече – глуп си како точак.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

-Излегов од емисијата на Канал5 “Само вистина“ бидејќи имам нулта толеранција за глупост и незнаење и ширење лажни вести (што го правеше Петар Богојески – професор кој не разликува Совет на Европа од Европски совет и кој Бајден го нарекува комунист и шири лажни информации за тоа зошто и како бил осуден синот на Бајден без да прави разлика меѓу осуден претседател на држава и осуден син на претседател на држава, и …) и пред се заради тоа што новинарката која ја водеше емисијата (Елизабета Галевска) не успеа да препознае отворени навреди кои кон мене ги изрече Богојески и се стави на негова страна (давајќи му несразмерно повеќе време во емисијата).

Со ова изјавувам дека во иднина веќе нема да гостувам во ниту една емисија на Канал 5.
И немам намера воопшто да разговарам со ниту еден поддржувач на криминалецот Доналд Трамп кој во моментов стана претседател на САД, напиша на својот фејсбук профил Најчевска по емисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e