Ѓорчев ќе има конкуренција – Има уште еден пријавен на огласот на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Влатко Ѓорчев не е единствениот пријавен досега на огласот на ВМРО-ДПМНЕ како надидат да биде номиниран во трката за претседателските избори на пролет преку најголемата опозициска партија, објави Дојче Веле.

Извори во опозициската партијата велат дека пристигнала уште една пријава, но се работело за партиски член кој е непознат за пошироката јавност.

Останува да се види дали „анонимецот“ ќе треба да симулира конкуренција на Ѓорчев на партиската конвенција што ќе се одржи на 16 февруари и на кој ќе биде изгласан кандидатот што ќе добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на пролетните избори или до тогаш ќе пристигнат и други пријави.

Рокот за пријавување кандидатури за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истекува на 31-ви јануари.

Извори на Дојче Веле коментираат дека лидерот Христијан Мицкоски има големо влијание кај делегатите и дека практично тој ќе го одбере кандидатот.

Ѓорчев вчера јавно ја објави кандидатурата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e