Гир: Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда

Ги отворивме пристапните преговори, а во срцето на тие преговори е почитување на законот и спречување на корупцијата, но секако најкруцијално значење кога зборуваме за овие реформи е и Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир, по промоцијата на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром”.

Запрашан да го коментари тоа „што Владата ја обвинува опозиција оти наводно е проруска, а им дава државјанства и ги подржува проруските бизнисмени или криминалци”, како украинскиот бизнисмен Олександар Онишенко, евроамбасадорот Гир истакна дека секоја институција ако види дека некој извршил кривично дело, тоа лице треба да го изведе пред лицето правда и треба да биде независна и професионална во тој процес, а тоа во овој момент на пристапување е дефинитивно во фокусот на ЕУ.

Прашан за изјавата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов дека Македонците и Бугарите се ист народ што живеат во две држави и говорот ист јазик, Гир рече дека е многу важно односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија да продолжат да се подобруваат, а тоа се докажа и со отворањето на новиот бугарски културен центар во Скопје во петокот.

– Исто така, многу е важно сите лидери и сите политичари да имаат меѓусебна почит и одговорност да работат кон развој на односите помеѓу двете држави, што е од сечиј интерес, додаде Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e