Гир: Неприфатливи се изјавите на Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии

Евроамбасадорото Дејвид Гир ја осуди изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во врска со територијалните претензии и ја оцени како неприфатлива.

Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За вчерашните забелешки кон претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

-Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава, се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e