Германскиот шеф на дипломатијата ја повика македонската опозиција и претседателот да соработуваат во договорот со Грција

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја повика опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, да соработуваат со македонската Влада во исполнувањето на договорот помеѓу Скопје и Атина за уставна промена на името во „Република Северна Македонија“.Истото барање го упати и кон грчката опозиција, која е повеќе националистички расположена и бараше од премиерот на Грција, Алексис Ципрас, воопшто да не се содржи зборот „Македонија“ во договорот.

– Сите политички сили во Скопје и во Атина да придонесат за спроведување на овој историски договор. Тојј ги јакне добрососедските односи меѓу двете земји и придонесува за стабилноста на Западен Балкан – напиша во честитката Мас.

Шефот на германската дипломатија оцени дека договорот меѓу владите во Македонија и Грција е одлична вест и повика на негово спроведување во обете земји

Одлична вест е дека двете страни најдоа решение и се согласија за името Република Северна Македонија. Сега е отстранета и клучната пречка за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. 25 години спорот за името на Поранешната југословенска Република Македонија стоеше меѓу Македонците и Грците. Скопје и Атина денес напишаа историја“, вели Мас.
„Вредеше што никогаш не се откажавме од надежта, што бевме во постојана блиска размена и што двете страни и во тешки фази секогаш одново наоѓаа компромиси. Преговорите беа долги и макотрпни. Но, на крајот решителноста и визијата на двајцата премиери и нивните министри за надворешни работи доведоа до успех. На двете Влади им честитам од срце за овој историски договор!“ додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e