Германска амбасада: С. Македонија да ги интензивира реформите и со тоа да ги убеди сите дека припаѓа во ЕУ

-За Германија, започнувањето на пристапните преговори на ЕУ со Република Северна Македонија е и останува да биде суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа, велат од Германската амбаса во Скопје за Ипортал.

Оттаму велат дека Германија е на посебен начин поврзана со Западен Балкан, не само политички, туку и економски и општествено преку многуте луѓе од овој регион што живеат кај во Германија.

-Од заеднички европски интерес е да се интегрираат државите од Западен Балкан во ЕУ. За ова да успее, мораме да се држиме до нашите ветувања, европската перспектива на овие земји заедно да ја спроведеме. Ова е најдобриот предуслов за да се унапредат реформите и развојот на правната држава, а со тоа ова е и најдобриот предуслов за благосостојба, стабилност и безбедност внатре во Европа. Германскиот Бундестаг со својата одлука на 26 септември 2019 г. ја исполни оваа одговорност. Нашата позиција не се промени, и таа и понатаму треба да служи како импулс за размислување за другите. И ние сме за тоа, пристапниот процес во целина да биде потранспарентен и подобар. Но, исто така сме уверени, дека вреди да ѝ се понуди европска перспектива на Република Северна Македонија. Германија и понатаму ќе ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, како што тоа секогаш сме го правеле. Сметаме на тоа, Северна Македонија да ги интензивира реформите и со тоа да ги убеди сите, кои сѐ уште би имале сомнеж, дека нејзиното место е во ЕУ! – стои во одговорот од геманската амбасада во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e